Ден по поразот на „Итихад“ јасно е каква е судбината на Артета во Арсенал!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал синоќа загубија со 2:1 на „Етихад“ од Манчестер Сити и сега се поблиску до губење на трофејот од англиското првенство повеќе од било кога.

Притисокот врз Микел Артета се зголеми по поразот на „Етихад“, и на сите им е јасно дека губењето на титулата би можело да го доведе до отказ.

Пред само еден месец Арсенал се бореше за четири трофеи и имаше девет поени предност пред Манчестер Сити во Премиер лига.

По вчерашниот пораз на „Етихад“, Арсенал ќе ја следи средбата на Манчестер Сити во среда против Барнли и ќе се надева дека овие играчи ќе успеат да направат тоа што Арсенал не можеше, а тоа е да избегне пораз.

Судбината на Артета во Арсенал е под знак прашалник по вчерашниот пораз, а новинарот Дејвид Орнштајн призна дека Шпанецот чувствува притисок и дека е јасно дека би можел да го изгуби своето работно место.

„Сигурен сум дека Арсенал сака да Артета продолжи следната сезона, а од неговите зборови се гледа дека и тој го сака истото.