Артета: Немаше разлика помеѓу Сити и нас, постои елемент на среќа…


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета рече дека неговиот тим во вечерниот натпревар против Манчестер Сити ја пропуштил шансата да направи голем чекор кон освојување на титулата во Премиер лигата, но дека се уште се работи во нивни раце и дека верува во успехот.

„Ставот на тимот можеше да се види на крајот на натпреварот. Можевме да бидеме помирни во одредени ситуации, но сепак ја насочивме играта каде што посакувавме. Знаевме дека имаме голема шанса да победиме. Бевме блиску, но недоволно. Но сега мора да се ресетираме. Денес пропуштивме шанса, голема. Но има уште пет до крајот. Има многу позитивни работи од денешниот натпревар”, рече Артета, го пренесе Скај.

Фудбалерите на Арсенал загубија во Манчестер од Сити со 1:2, во натпреварот од 33. коло на Премиер лигата. Лондонскиот тим е прв на табелата и има 70 бода, три повеќе и еден натпревар повеќе од Сити.

„Кога не ги користите шансите, а тие имаат квалитет, тоа е ризик затоа што тогаш го губите натпреварот. Не мислам дека имаше разлика помеѓу двата тима. Постои елемент на среќа, дали топката ќе влезе во голот или не. Кај вториот гол топката се одби до Халанд. Тука е и индивидуалниот квалитет, да се биде ладнокрвен, прецизен и немилосрден. Ние тоа апсолутно го направивме”, наведе Артета.

„Имаше борба, интензитет, тоа се очекува. Дел од натпреварот имаше многу сличности со првите 28 минути од финалето на Лига купот. Имавме две огромни шанси да поведеме. Но не го направивме тоа и тоа го промени текот на натпреварот”, додаде тој.