Претседателот на Реал веќе е во акција, ѕвездата на Ливерпул доаѓа во Мадрид

Флорентино Перез подготвува големи промени во составот на Реал Мадрид ова лето по уште една разочарувачка сезона. Целта ќе биде пред сè да се засили средината на теренот, а се чини дека претседателот на Кралевите веќе знае кого сака да доведе.

Реал Мадрид и оваа сезона целосно разочари и постојат големи шанси дека ова ќе биде втора година по ред без трофеи.

Секако, за Реал тоа е навистина катастрофално бидејќи секоја сезона имаат цел да освојат што повеќе трофеи е можно.

По поразот од Бајерн и испаѓањето од Лигата на шампиони, јасно е дека во Реал владее навистина турбулентен период бидејќи Перез одлучи дека во летниот период ќе прави промени и во играчкиот и во тренерскиот кадар.

Претседателот на Реал е навистина заинтересиран за Алексис Мак Алистер и сака да го ангажира играчот на Ливерпул по Светското првенство.

Мак Алистер и претходно беше поврзуван со Реал, но откако не доби понуда, започна преговори со „Црвените“ за нов договор.