Митревски на „мрда“ од Битола – потпиша нов договор со Пелистер


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Актуелниот македонски ракометен шампион Пелистер денеска го продолжи договорот со еден од најважните членови на екипата, а тоа е голманот Никола Митревски.

Митревски потпиша договор на две години, односно треба да остане во битолскиот тим до крајот на сезоната 2027/28.

„Некои вредности се поважни од секоја победа и секоја титула. Затоа нашата одлука е недвосмиолена – да ги задржиме тие вредности во клубот. Ни претставува задоволство што најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Никола Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28“, велат од Пелистер.