До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Борбата за титулата се доближува кон завршница, а Арсенал е под сè поголем притисок. Микел Артета реши да го промени пристапот во клучниот момент од сезоната.
Микел Артета направи важен потег пред завршницата на сезоната во која Арсенал води жестока битка со Манчестер Сити за титулата во Премиер лигата.
Сезоната влегува во последните пет кола, а разликата помеѓу двата тима практично не постои.
Сити, после победата над Арсенал на Етихад и новата победа против Барнли, го презеде врвот на табелата благодарение на поголемиот број постигнати голови.
Бодовите и гол-разликата се идентични, што дополнително ја зголемува напнатоста во завршницата. Арсенал, од друга страна, минува низ тежок период.
Голем проблем за Артета претставуваат повредите. Тимот во последно време е сериозно погоден од отсуства на клучни играчи.
Токму поради тоа, Шпанецот реши да го смени пристапот.
Познат по интензивните тренинзи и строгото темпо, Артета овој пат реши да направи олеснување. По поразот од Сити, на своите играчи им даде два слободни дена.
















