До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Кралскиот клуб одигра нерешено во Андалузија, откако прими гол во 94-та минута и практично се прости од титулата во Ла Лига.
Алваро Арбелоа не ги криеше емоциите и беше критички настроен кон судиите по натпреварот.
“За мене е сосема јасно дека имаше фаул над Менди. Не треба многу за да се загуби рамнотежа во вакви ситуации, кога го користиш телото. Но за тоа треба малку разбирање на фудбалот. Имаме проблем затоа што оние кои одлучуваат, очигледно не го разбираат фудбалот. Разочарување, како и многу пати претходно. Многу јасен пенал не беше досуден ни во првото полувреме, со кој можевме да го затвориме натпреварот“, започна Арбелоа.















