Невидено во НБА лигата: Кошаркарите на Лејкерс ги бркаа судиите по натпреварот (Видео)


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс губат со 0:2 во серијата полуфинале на Западната конференција против Оклахома, откако и претходната ноќ “паднаа” на испитот релативно лесно на гости (107:125), но фокусот по натпреварот, наместо на резултатот, беше префрлен на – судиите!

На паркетот гледавме навистина невидени сцени за НБА лигата, откако кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс буквално ги бркаа судиите за да се вербално соочат со нив по вториот пораз од Оклахома. Тие не беа задоволни од нивните одлуки.

Од сите кошаркари, по лутина предничеше најдобриот стрелец од ноќешниот натпревар, Остин Ривс, кој и за време на натпреварот имаше расправија со судиите, каде што паднаа и сериозни пцовки кои беа снимени и на камера.