Емери: Не се чувствувам како крал на Лига Европа


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Менаџерот на фудбалерите на Астон Вила, Унаи Емери рече, по освојувањето на трофејот во Лига Европа, дека од играчите побарал да покажат желба и сериозност во тоа натпреварување и дека тие го направиле тоа.

Фудбалерите на Астон Вила синоќа ја освоија титулата во Лига Европа, откако во финалето во Истанбул на „Бешикташ парк” го победија Фрајбург со 3:0.

“Ова е навистина нешто фантастично. Оваа година игравме многу сериозно. Фокусирано. Им говорев на играчите дека ни е потребна желба во ова натпреварување, сериозност, да покажат на теренот дека се протагонисти. И тие го направија тоа. Ова финале е потврда дека напредуваме.”, рече Емери по финалето, пренесоа британските медиуми.

За Емери ова е петтиот трофеј во Лига Европа, по триумфите со Севилја три пати (2014, 2015 и 2016 година), додека со Виљареал славеше во 2021 година.