Алонсо смета еден фудбалер за недопирлив во Челси


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Доаѓањето на Чаби Алонсо на клупата на Челси веќе донесе први јасни пораки кога станува збор за плановите на лондонскиот клуб за следната сезона. 

Шпанскиот тренер наводно веднаш го известил управата дека Енцо Фернандез нема цена и дека не е предмет на никакви преговори.

Иако последниве месеци имаше многу шпекулации за можниот заминување на аргентинскиот играч од средината на теренот, изгледа дека во Челси повеќе нема дилема. Алонсо смета дека Енцо е еден од клучните играчи околу кои сака да го изгради новиот тим.

Според наводите на шпанските медиуми, Челзи нема да разгледува понуди за Фернандез без оглед на сумата која би можела да пристигне за време на преодниот рок. Таквиот став доволно кажува колку доверба новиот тренер има во 24-годишниот играч од средниот ред.