Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Арсенал го загуби трофејот во Лигата на шампионите по пенали од ПСЖ, иако е дискутабилно дали воопшто заслужуваше да стигне до пенали, а Микел Артета покажа дека не знае како да се справи со поразите.
Шпанскиот стратег веднаш по финалето мораше да ги прокоментира одлуките на судиите како фактор за поразот, и покрај фактот дека двете ситуации (при пеналот за ПСЖ и при недосудениот пенал за Арсенал) беа чисти:
– Го погледнав повторно снимката и многу лесно можеше да биде досуден пенал. Кога ќе ги видиме какви пенали се досудуваа на натпреварувањето оваа сезона, јасно е зошто така мислам. Судијата ја донесе таа одлука, но во случајот на Москера донесе поинаква. Тоа беше многу важна ситуација.
Артета го продолжи истото размислување…:
– Во казнените простори, преку пеналот досуден против Москера, пеналот кој не беше досуден над Мадуеке, а потоа и преку изведувањето на пеналите, тие ситни нијанси не беа на наша страна. Ги погледнав сите ситуации со пеналите во Лигата на шампионите оваа сезона во последните 72 часа за да разберам што е пенал, а што не е, и според мое мислење ова многу лесно можеше да биде пенал. Што се случи, се случи и тука нема промени. Мора да бидеме подобри, да напредуваме и да најдеме други начини и ситни предности кои ќе ни донесат резултати какви што сакаме.
















