Артета останува во Арсенал – ќе потпише нов договор по историската титула


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Микел Артета ќе потпише нов, долгорочен договор со Арсенал по историската сезона во која Топџиите конечно го прекинаа долгогодишниот пост и ја освоија титулата во Премиер лигата. И покрај болниот пораз во финалето на Лигата на шампионите од ПСЖ по пенали, клубот од северен Лондон е одлучен да го осигури останувањето на својот трофеен тренер.

Управата на Арсенал подготвува богат нов договор за Артета како награда за освојувањето на првата титула шампион на Англија уште од сезоната 2003/2004 и легендарната генерација на „Непобедливите“. На Емирејтс, шпанскиот тренер го гледаат како клучна фигура во својот долгорочен проект и сакаат да го решат прашањето за неговото останување пред летната пауза за да избегнат каква и да е неизвесност.

Според медиумите, прелиминарни разговори помеѓу спортскиот директор Андреа Берта, сопственикот на клубот и Артета веќе се одржани. Стабилноста на клупата стана приоритет со оглед на единството во тимот и јасното зголеменје на патеката на клубот.

Се очекува преговорите да добијат на замав сега кога сезоната е завршена. Новинарот Фабрицио Романо потврди дека Арсенал и Артета „се во разговори“ и дека нови состаноци се веќе договорени. Целта е да се финализира договорот што е можно побрзо за клубот да може мирно да се посвети на летниот трансфер период, при што се шпекулира дека на засилувања би можеле да се потрошат до 300 милиони фунти.