ПСЖ за 100 милиони евра го носи чудото од Премиер Лигата?


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Борнмут со ова темпо би можел да стане крал на летниот трансфер период. Откако минатата година распродадоа речиси целата одбрана – Керкез во Ливерпул, Хујсен во Реал Мадрид и Забарниј во ПСЖ – сезоната во Премиер лигата ја завршија на импресивно шесто место. Затоа, не изненадува што нивните нови драгули повторно се мета на европските великани. Тренерот Андони Ираола е на пат да ја преземе клупата на Ливерпул, а младиот напаѓачки талент Ели Џуниор Крупи привлекува големо внимание, пишува Фут Меркато.

Францускиот бисер, кој пристигнал од Лоријен, заблеска со 13 постигнати голови во Премиер лигата, а неодамна се спомнуваше како цел на Арсенал и Парис Сен-Жермен. Според достапните информации, интерес за него покажале и Барселона, Баерн Минхен, Челси и Манчестер Сити, кои веќе одржаа состаноци во врска со 19-годишниот напаѓач.

За Парижаните работата не е нималку лесна, особено бидејќи само неодамна се вклучија во трката. Според информациите на францускиот портал, почетната цена поставена од Борнмут изнесува дури 100 милиони евра. Сепак, клубот од главниот град на Франција има важен адут – Ели Џуниор Крупи наводно сонува да игра за ПСЖ и би бил воодушевен од можноста да се приклучи на парискиот клуб.