Револуционерни промени во Премиер лигата – нема повеќе „крадење време“


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Премиер лигата од сезоната 2026/27 ќе воведе строги мерки против одолговлекувањето на играта, со цел да се зголеми ефективното време на теренот и да се намалат тактичките прекини.

Според новите правила, екипите кои намерно ќе трошат време при изведување гол-аут ќе се соочат со сериозна казна. Доколку голманот или играчите предолго чекаат да ја вратат топката во игра, судијата ќе досуди корнер за противничкиот тим.

Слична санкција ќе важи и за аутите. Ако играчот одолговлекува со изведувањето на аут, правото на изведување автоматски ќе му биде доделено на противникот.

Промени има и во процедурата за замени. Играчот кој е заменет ќе мора да го напушти теренот во рок од десет секунди. Во спротивно, неговата замена нема да смее веднаш да влезе во игра, туку ќе мора да чека дополнителни 60 секунди покрај аут-линијата.

Тоа значи дека екипата привремено ќе остане со играч помалку на теренот, што може значително да влијае врз текот на натпреварот.