Јунајтед бесплатно ги пушти ѕвездите за кои плати над 170 милиони евра


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Џејдон Санчо (26), Каземиро (34) и Тајрел Малација (26) го напуштаат Манчестер Јунајтед како слободни играчи. Санчо пристигна на Олд Трафорд пред пет години од Борусија Дортмунд со отштета од 85 милиони евра, но левото крило одигра само 83 натпревари за Јунајтед, постигнувајќи 12 голови и 6 асистенции.

Не се снајде во Манчестер, па половина од времето го помина на позајмици во Борусија, Челзи и Астон Вила. Касемиро пристигна во Јунајтед пред четири години од Реал за 70 милиони евра. Дефанзивниот играч за врска остави далеку подобар впечаток од Санчо. Во 160 настапи постигна 26 и асистираше за 14 голови. Преминува во Интер Мајами.

Маласија исто така дојде во Јунајтед пред четири години. На Феенорд му беше платена отштета од 15 милиони евра за левиот бек, но за Манчестер собра само 50 настапи. Минатата сезона играше само 15 минути.