Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија Роберто Мартинес ги отфрли споредбите на Кристијано Роналдо со Лионел Меси и Ерлинг Халанд, истакнувајќи дека неговиот најискусен играч дури и на 41 година може без проблем да ги одигра сите 90 минути.
Португалија во последното коло од Групата К одигра без голови против Колумбија, а Роналдо го одигра цел натпревар, како и сите три натпревари од групната фаза, вкупно 270 минути.
„Не ги споредуваме нашите играчи со фудбалерите на други репрезентации. Тоа би било детински“, рече Мартинес, во одговор на прашањето зошто не го одмори Роналдо, како што направија Аргентина и Норвешка со Лионел Меси и Ерлинг Халанд.
















