Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Натпреварот помеѓу Канада и Јужна Африка донесе интересен момент вон теренот, кој за кратко време стана вистински хит на социјалните мрежи.
Додека на стадионот поминуваше познатиот мексикански бран, една навивачка на Канада стана за да се придружи на останатите, но во тој момент од рака ѝ испадна мобилниот телефон. Во секунда сфати што се случи, и нејзината шокирана реакција заврши во телевизиското преносување и наскоро стана вирална.
Снимката со голема брзина се прошири по интернетот, а бројни навивачи во коментарите се пошегуваа дека убаво ќе размислат пред следниот пат кога ќе учествуваат во мексиканскиот бран. Многумина го нарекоа овој момент еден од најсмешните детали на досегашното Светско првенство.
pic.twitter.com/58j0rjZvEs— Out Of Context Football (@nocontextfooty) 28 јуни, 2026
















