Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Четири дена по поразот во шеснаесетфиналето на Светското првенство од Парагвај, Јулијан Нагелсман поднесе оставка на позицијата селектор на германската репрезентација, известија во петок наутро многу германски медиуми.
Според написите на дневниот весник Билд и телевизијата Скај, Нагелсман, кој имаше договор до летото 2028 година, се согласи на барањето на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) да се повлече од должноста која ја вршеше од септември 2023. Предлогот беше изнесен во четврток после тричасовен состанок на кој се анализираше најновиот германски дебакл на Светското првенство.
Се очекува потрагата за наследникот на 38-годишниот Нагелсман да започне наскоро, а главен фаворит е Јирген Клоп (59). По успешните тренерски ангажмани во Мајнц и Борусија Дортмунд, Клоп стана легенда на Ливерпул освојувајќи ја титулата англиски првак во 2020 година, со што го прекина 30-годишното чекање на титула, само една година по триумфот во Лигата на шампионите.
















