Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот претседател на фудбалскиот клуб Челси, Кен Бејтс, почина утрово во Монако на возраст од 94 години. Почина мирно, окружен со својата сопруга и семејството, што доведе до жалост во клубот денес, соопшти Челси ФК. Во соопштението, клубот изрази сочувство:
“Со голема тага ја објавуваме веста за смртта на Кен Бејтс, поранешниот сопственик и претседател на фудбалскиот клуб Челси. Клубот изразува најискрено сочувство до сопругата на Кен, Сузана, остатокот од неговото семејство и пријателите. Одлучноста на Кен во борбата за Челси во тешките времиња и лидерството кое го доведе тимот до освојување трофеи, никогаш нема да бидат заборавени.”
Бејтс беше третиот најдолготраен претседател во историјата на Челси, а својата функција ја вршеше 22 години во еден од клучните периоди за клубот. Често се опишуваше како живописен, отворен и контроверзен човек, а неговиот стил, ставови и потези предизвикуваа поделени мислења, дури и меѓу навивачите. Сепак, на врвот од неговите најголеми постигнувања несомнено е обезбедувањето на опстанокот на Станфорд Бриџ како дом на Челси.
За време на мандатот на Бејтс, „Сините” прво се вратија во првата лига, а потоа двапати го освоија ФА купот и по еднаш Купот на победниците на куповите, Лигашкиот куп, УЕФА Суперкупот и Комјунити Шилд. Двапати го освоија и Купот на полните членови, натреварување во чиишто основи и самиот участвувал.
















