Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Конечното враќање на Барселона на Камп ноу се случи минатата година во ноември, а во три сезони пропуштени се 54 натпревари од Примера на тој стадион поради реновирање.
Реновирањето сè уште не е завршено, иако Барселона се врати на стадионот и ќе игра и во оваа нова сезона на него.
Од почетокот на сезоната 2027-28 Барселона ќе направи нова пауза, а веќе имаат поднесено барање да играат на Монжуик.
Причината е кровот чија конструкција е планирана да започне на почетокот од следната сезона и би требало да трае 4 и пол месеци.
Барселона ќе ги игра и европските натпревари на Монжуик, а враќањето се очекува околу шест месеци по почетокот на работите кои се планирани за јуни 2027 година.
















