Лапорта се врати од Америка, па ги воодушеви навивачите на Барса


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, престојуваше изминативе денови во Соединетите Американски Држави каде го гледаше финалето на Светското првенство, а по враќањето во Шпанија ги воодушеви навивачите на каталонскиот клуб со потврдата дека обезбедиле уште едно големо засилување.

Пред неколку дена пристигна официјална потврда дека Барселона е вратена на правилото 1:1 во однос на финансиските прашања и по неколку години страдање конечно можат да доведуваат засилувања без проблеми.

Тоа најдобро се виде на трансферот на Ентони Гордон кој минатиот месец за околу 80 милиони евра пристигна од Њукасл, но се чини дека тој потпис за Каталонците беше само „загревање“.

Тоа го потврди Лапорта кој денес се врати во Барселона откако престојуваше во Америка неколку дена каде го следеше финалето на Мундијалот меѓу Шпанија и Аргентина.

Првиот човек на Барселона беше дочекан на аеродром од група новинари, кои природно беа најмногу заинтересирани за трансферите што ги подготвуваат Каталонците во текот на летото.

Лапорта ги воодушеви навивачите на Барселона со потврдата дека еден трансфер е веќе завршен и дека утре ќе биде претставено новото засилување во просториите на клубот.

Станува збор за Карим Адејеми кој доаѓа од Борусија Дортмунд, а неговиот трансфер ќе ја чини Барселона околу 30 милиони евра.

“Да, вистина е. Тој утре потпишува за Барселона. Ќе биде официјално претставен веднаш потоа”, потврди Лапорта.