Роналдо го „лајкна“ објавата во која се обвинуваат ФИФА и Аргентина


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кристијано Роналдо повторно е во фокусот на вниманието, но овојпат не поради настапите на теренот, туку поради активностите на социјалните мрежи. Португалската ѕвезда предизвика бројни реакции откако, според тврдењата на навивачите и светските медиуми, ја лајкува објава во која ФИФА е обвинета за фаворизирање на Аргентина на патот до финалето на Светското првенство 2026.

Станува збор за видео објавено на верификуваниот Инстаграм профил “espejopublic”, кое прикажува дел од емисијата на шпанската телевизија “Espejo Publico. Во него, новинарката Пилар Родригез Лосантос изнесува сериозни обвинувања кон светската фудбалска организација.

Во видеото се тврди дека Аргентина требало да биде елиминирана многу порано во текот на турнирот и дека ФИФА, како што наведува, ѝ помагала во текот на натпреварувањето. Светската фудбалска организација е опишана како „една од најкорумпираните институции на планетата“.

Иако лајкот од официјалниот Инстаграм профил на Роналдо брзо исчезна, корисниците на социјалните мрежи направија слики од екранот кои со голема брзина се раширија на интернет, особено по финалето каде Шпанија ја совлада Аргентина со резултат 1:0.

Португалецот не се огласи за целата ситуација, па не е познато дали се работи за намерен потег, грешка на неговиот ПР тим или случајно лајкување при прегледување содржини на телефонот.

Cristiano Ronaldo likes Instagram video accusing FIFA of corruption and alleging that they helped Argentina reach the World Cup final. pic.twitter.com/Lbk1MTlo0R— Pop Base (@PopBase) July 20, 2026