Челзи се ослободи од Гарначо, но дали Емери може да го спаси од пропаст?


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Клубот од Бирмингам се договори со Челзи за едногодишна заемна соработка на аргентинскиот репрезентативец, која вклучува задолжителен откуп на договорот ако се исполнат однапред дефинираните услови.

Дваесет и двегодишниот крилен напаѓач веќе ги заврши лекарските прегледи во Бирмингам, а со Астон Вила договори и четиригодишен договор кој ќе стапи на сила кога трансферот ќе стане траен.

Иако ниту еден клуб не ги објави деталите од клаузулата за задолжителниот откуп, се очекува таа да биде активирана доколку Гарначо следната сезона одигра одреден број на натпревари.

Според информациите од Англија, во Челзи веруваат дека условите ќе бидат лесно исполнети и дека на крајот ќе остварат приход од околу 43 милиони фунти, колку што ја процениле вредноста на играчот.

Гарначо го напушта Стемфорд Бриџ помалку од една година откако пристигна од Манчестер Јунајтед за 40 милиони фунти.