Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италијанскиот петтолигаш Таранто доби нов стадион со 20 илјади седишта откако неговото старо место беше обновено и реконструирано во проект вреден 62 милиони евра. Стадионот го задржа името Ерасмо Иаковоне, кое го носи од 1978 година во чест на прерано починатиот напаѓач на Таранто, а работите беа изведени пред одржување на Медитеранските игри. Свеченото отворање е закажано за 31 август, на денот на почетокот на тие игри.
Обновениот Иаковоне доби модерен изглед, карактеристичен за новите стадиони во Европа и Северна Америка, па клубот од петтата лига сега може да се пофали со едно од најсовремените фудбалски зданија во Италија. Стадионот е замислен по пример на објекти “англиски тип”: отсранет е некогашниот ров околу теренот, трибините се приближени до теренот на околу седум метри, а изменет е и нивниот наклон за да се подобри видливоста од секое место.
Сите трибини ќе бидат покриени со челична конструкција. Надворешниот изглед на стадионот треба да потсетува на морски бранови, како врска со поморската традиција на Таранто, а предвидени се и два големи екрани, нови системи за осветлување и озвучување и простории за медиуми, гости и за безбедносна контрола.
Според објаснувањето на структурата што го води проектот, стадионот ќе биде од трета категорија на УЕФА.
🚨🇮🇹 𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋 | Петта дивизија италијански тим Таранто има нов модерен стадион. 🏟️ ✅
20,000 капацитет. Тоа е еден од најмодерните стадиони во земјата. Изградбата беше финансирана поради Медитеранските игри. pic.twitter.com/smnYLm0vSo— EuroFoot (@eurofootcom) 29 јули, 2026
















