Арсенал и Манчестер Јунајтед сакаат напаѓач од Интер: Цената е 85 милиони евра


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Арсенал и Манчестер Јунајтед го следат Франческо Пио Еспозито, 21-годишниот напаѓач на Интер.

Двата премиерлигаши испратија извидници за да го следат, а Интер не сака да го продаде, поради што му поставиле цена од околу 85 милиони евра.

Арсенал бара уште едно решение во нападот, додека Јунајтед го гледа Еспозито како можна конкуренција на Бенџамин Шешко.