Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Родри ни денес нема да стане официјално играч на Барселона, бидејќи Манчестер сити ја одби и третата понуда на каталонскиот клуб.
Барселона се обиде да го испита теренот со понуда од само 45.000.000 евра со додатни бонуси до околу 50.000.000, на што во Сити само се насмеале.
По тоа, Барселона испрати нова понуда која вкупно изнесуваше 60.000.000 евра, вклучувајќи ги сите бонуси, но и тоа Сити го одби со порака дека очекува понуда од 80.000.000 евра.
Барселона нема намера да плати толку, бидејќи знае дека Родри сака само на “Камп Ноу”, а исто така и дека Сити не сака да му направи проблем на својата легенда на која му ветија дека ќе му го овозможат заминувањето.
Каталонските медиуми открија дека Барселона во петокот ќе ја испрати и третата понуда, која ќе изнесува вкупно 70.000.000 евра, вклучувајќи ги сите можни бонуси, и се очекува дека работата ќе се заврши за време на викендот.
Ханси Флик сака да го има Родри на тренинзи веќе следната недела и да го подготвува постепено за враќање на теренот.
















