Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шкендија ќе може повторно да има поддршка од своите навивачи на домашен натпревар, откако истече суспензијата.
Тетовскиот тим во следното првенствено коло ќе ја пречека Струга во комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје. Натпреварот е закажан за 19 часот, а ќе се игра во вечерен термин под рефлектори.
Шкендија влегува во дербито во одлична форма, со максимални девет бодови од првите три натпревари и лидерска позиција на табелата. Струга, пак, има седум бода и моментално е на третото место.
















