Најголемата драма на преодниот рок: Навивачите му свиркаат, клубот бара 500 милиони евра за него.


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Хулијан Алварез се најде во незавидна позиција во Атлетико Мадрид. Иако јавно изрази желба за заминување, што навивачите не му го простија и го дочекаа со свирежи, шансите за трансфер се минимални. Раководството на клубот, предводено од Мигел Анхел Хил, претседателот Енрике Серезо и директорот Матеу Алемани, порачаа дека неговиот сон за премин во Барселона не е реален.

Единствената можност би била активирање на откупната клаузула од 500 милиони евра, пишува Марка. Истовремено, преговорите со Арсенал не напредувале, па се чини дека аргентинскиот напаѓач, освен ако не се случи неочекуван пресврт во последната недела од преодниот рок, ќе мора да го подобри својот статус во Мадрид.

Алварез минатата сезона постигна 20 гола во 40 натпревари за Атлетико. Неговиот учинок го надополни со девет асистенции.

Тренерот Диего Симеоне уште на подготовките во Сеул најави дека ќе му пружи спортска поддршка на Алварез за да се врати во форма, откако клубот одлучи да не го продава. Поддршка му дадоа и соиграчите.