Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ричард Хјуз официјално го напушта Ливерпул и ќе стане нов спортски директор на Ал Хилал, но приказната тука станува многу поинтересна бидејќи се тврди дека веќе е вклучен во летниот преоден рок на саудискиот клуб.
Според информациите објавени од Ромен Молина, Хјуз практично во текот на ова лето балансирал помеѓу две работни позиции и истовремено се занимавал со трансферните активности на Ливерпул и Ал Хилал.
Хјуз пристигна во Ливерпул на позицијата спортски директор и ја презеде важната улога во развивањето на трансферната политика на клубот, а сега е потврдено дека неговиот следен ангажман го води во Саудиска Арабија.
Посебно внимание привлекува тврдењето дека не чекал официјално да замине од Ливерпул за да започне да работи за новиот клуб, туку веќе ги надгледува активностите на Ал Хилал на пазарот.
Тоа значи дека еден од луѓето задолжени за трансферите на Ливерпул истовремено бил вклучен и во планирањето на бизнисот на другиот клуб, што на целата приказна и дава сосема нова димензија.
















