Белистојаноски ѝ донесе златен медал на Македонија


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски се искачи на највисокото место на пиедесталот на Медитеранските игри во Таранто, откако триумфираше во кумите во категоријата до 67 килограми.

Белистојаноски во финалната борба беше убедлив против хрватскиот репрезентативец Боран Берак, кого го совлада со максимални 6-0 и на тој начин стигна до златниот медал.

До големото финале, македонскиот каратист имаше уште три успешни настапи. На стартот го совлада Мустафа Алмасламех со 6-1, потоа беше подобар од Лука Мареска со 2-0, додека во полуфиналето го елиминираше Георгиос Балиотис со резултат 5-1.