Проблеми во рајот: Ливерпул мора да избере меѓу сегашноста и иднината

Бразилскиот голман Алисон би можел да потпише нов договор со Ливерпул, но во тој случај Редсите ќе останат без голманот кој го „програмирале“ за иднината.

Бразилскиот голман Алисон Бекер е влегува во последната година од актуелниот договор со Ливерпул, а на Анфилд се се поозбилно размислува за можноста за продолжување на соработката со бразилскиот голман.

Сепак, таквиот развој на настаните би можел да има директни последици за Георги Мамардашвили, голманот на грузиската репрезентација.

Всушност, Грузиецот пристигна во Ливерпул како долгорочно решение помеѓу стативите, но во својата прва сезона претежно беше заменик на Алисон.

Доколку Бразилецот добие нов договор, Мамардашвили би можел да заклучи дека на Анфилд едноставно нема доволно простор за него, што би можело да биде голем проблем за Редсите.