Сасуоло официјално го разреши тренерот Алберто Аквилани заедно со неговиот стручен штаб. Клубот во соопштението им се заблагодари на тренерот и неговите соработници за залагањето и сериозноста и им посака успех во иднина, објави Сасуоло.
Одлуката дојде два дена по поразот од Рома со 3-0 на Олимпико во саботата, што беше петти пораз во низа за екипата. Сасуоло е на 17тото место во Серија А со осум бода по 11 кола, со две победи, две ремија и седум порази, наведува Скај спорт.
Аквилани пристигна на клупата летово од Катанцаро, клуб од Серија Б, по заминувањето на Фабио Гросо во Фиорентина. Почетокот беше добар, со осум бода од првите шест кола, меѓу кои и победата над Јувентус и ремито со Милан, но потоа следуваше пад.
Ова е шести отказ на тренер во Серија А оваа сезона, по Гросо во Фиорентина, Тедеско во Болоња, Куеста во Парма, Стропа во Венеција и Рунјаиќ во Удинезе, пишува Коријере дела сера.
Според италијанските медиуми, нов тренер на Сасуоло ќе биде Роберто Д’Аверса. Тој треба да потпише договор до 30 јуни 2027 година, со опција за продолжување, а клубот сè уште официјално не го објавил неговото име.
Д’Аверса беше на трибините на Олимпико во саботата, а последно го водеше Торино од февруари до мај оваа година. Претходно бил тренер на Парма, Лече и Емполи.
Според агенцијата АНСА, меѓу опциите на Сасуоло биле и Винченцо Монтела, кој исто така беше на Олимпико, и поранешниот тренер на Наполи, Франческо Калцона, но предност доби Д’Аверса.
Сасуоло по репрезентативната пауза го пречекува Џенова, а потоа го очекуваат Наполи и три натпревари против директните конкуренти за опстанок, против Венеција, Лече и Парма.
















