Венгер одбил да биде селектор на Франција


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсен Венгер (66) ја одбил можноста да биде селектор на Франција.

Овој долгогодишен тренер на Арсенал на почетокот на месецот изјави дека постоело можност да седне на клупата на својата земја, меѓутоа тој ја одбил таа понуда бидејќи сакал да биде исклучиво фокусиран на работата во Лондон.

“Мислам дека веќе помина времето кога можев да бидам селектор на Франција. Повеќе пати ме прашуваа, но секогаш бев зафатен со некоја друга работа. Сакам Франција да направи добар резултат на Европското првенство. Во овој момент Франција минува низ тежок период, не погодија терористичките напади, штрајкови и многу други немири. На земјата и е потребно радост, а овој турнир може тоа да и го донесе”– изјави Венгер.

Венгер на клупата на Арсенал е од 1996 година, а претходно работеше уште во Нагоја Грампс, Монако, Нанси и Канес.