И тоа да го видиме: Црномурест фудбалер во репрезентацијата на Србија


    Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалската репрезентација на Србија го доби првиот црномурест фудбалер во историјата на оваа земја.

    Повик во У-16 репрезентацијата доби Џејсон Продановиќ  (15), кој настапува за младинската селекција на германскиот Рот – Вејс Есен. Се работи за фудбалерот кој игра на позиција крилен напаѓач, а има државјантво на Србија и Германија.

    Ова ќе биде прв пат повик во кадетската селекција да добијат деца кои се родени и играат во странство, а меѓу нив е и голманот на Спорт Тим од Бањаљука Никола Цветковиќ.

    Покрај Џејсон Продановиќ, селекторот на У-16 репрезентацијата на Србија Владимир Јешиќ во тимот внесе и некои млади фудбалери на Шалке, Штутгарт, Карслуе…