До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Диего Симеоне е најзаслужен човек што денеска ги исполни соништата на еден млад фудбалер на Атлетико.
Се работи за Николас Шиапакасе, 17-годишниот офанзивец кој прв пат е приклучен во првиот тим на Атлетико Мадрид.
Шиапакасе е роден на почетокот на 1999 година и во Атлетико стигна од уругвајски Ривер Плата.
Досега настапуваше за младиот тим на Јорганџиите, како и за У-20 репрезентацијата на Уругвај.
Место во првиот тим на Атлетико за утрешниот натпревар против Осасуна доби после што Фернандо Торес отпадна за овој дуел поради повреда.















