До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Милан вечерва остварија убедлива победа на гостувањето против Емполи (4:1) во меч од 14 коло на италијанската Серија А.
Росонерите вечерва во Емполи полесно од очекувањата стигнаа до три бода, а одличен одигра Лападула кој постигна два гола.
Лападула вечерва во врвот на нападот го менуваше Карлос Бака кој поради повреда го пропушти ова гостување.
Сепак, навивачите на Милан беа бесни кога дознаа каде се наоѓа Бака вечерва.
Имено, Колумбиецот паузата од опоравувањето се одлучи да го искористи за еден мал излет, и замина во Шпанија.
Бака вечерва присуствуваше на натпреварот меѓу Севиља и Валенсија што поткрена лавина на шпекулација.
Веќе долго време се зборува за тоа дека Колумбиецот ќе го напушти Милан веќе во јануари, и дека ќе се врати во Севиља.















