До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италијанскиот напаѓач Андреа Белоти во оваа сезона блеска во дресот на Торино.
Белоти во досегашниот дел од Серија А постигна 13 голови и се наоѓа на мета на многу европски клубови.
Во последно време доста се шпекулираше за тоа дека Белоти ќе го напушти Торино, но челниците на овој клуб пред тоа сакаат добро да се осигураат.
Имено, челниците на Торино потврдија денеска дека Белоти ќе го продолжи договорот со овој клуб, и дека неговата откупна клаузула ќе биде неверојатни 90 милиони евра.
Свесни дека тешко ќе го задржат во тимот, па се одлучиај на вистински начин да се осигураат.
„Постигнавме договор за негов договор и во наредните денови ќе биде официјална потврда. Долго време преговаравме, но се надевам дека сега тоа е готово“, порачаа од Торино.















