Овој е составот на Барселона кој последен пат славеше на Аноета!

    Барса денеска се враќа на стадионот на кој има најлош учинок во последната деценија.

    Пишувавме веќе за сите маки на Барселона пред вечерашното гостувсање во Сан Себастијан, како и за  последната победа на Каталонците на Аноета, а интересно е да потсетиме како изгледаше составот кој последен пат го победи Реал Сосиедад на нивниот стадион.

    Барса последен пат славеше на Аноета уште во 2007 година, со головите на Андрес Иниеста и Самуел Ето, додека од активните играчи на Барса во тимот сега е уште само Лионел Меси.

    Повеќе од половина играчи од таа екипа се во пензија – Ѕамброта, Пујол, Тирам, Ван Бронхорст, додека Чави, Роналдињо и Ето се на залезот од своите кариери.

    Од тој мај, Реал Сосиедад играше и во Секунда, се врати, но добрата традиција против Барса продолжи, па од тогаш имаат скор од пет победи и две реми.

    Вака изгледаше составот кој последен пат славеше во Сан Себастијан: