До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Винченцо Монтела сака засилувања на зима, ќе видиме дали едно ќе „долета“ од Ливерпул.
Соработуваа Милан и Ливерпул во блиско минато, потсетете се дека Марио Балотели премина во Ливерпул, но не успеа да се покаже во најдобро светло во овој клуб.
Сега на повидок е нова зделка на овие два клуба.
Имено, Мамаду Сако речиси сигурно ќе го напушти Ливерпул во јануари, а Милан е само една од екипите која се наведува како негов нареден клуб.
Покрај Милан, и Интер е заинтересиран, а има и неколку клубови од Премиерлигата како Вест Хем.
Ќе видиме дали ќе дојде до трансфер на овој фудбалер, или ќе биде само позајмица.
Тоа што е сигурно е дека овој фудбалер нема во оваа сезона да игра во Ливерпул додека Јирген Клоп е тренер.















