До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Офанзивецот на Милан ја игра сезоната од соништата.
Диего Симеоне порача на челниците на Атлетико Мадрид дека сака да го доведе крилниот фудбалер на Милан Сусо.
Поранешниот играч на Ливерпул кој и не се наигра на Енфилд, во оваа сезона постигна пет погодоци со четири асистенции на 14 одиграни мечеви во дресот на Милан.
Симеоне сака да ја засили својата офанзивна линија, Нико Гаитан не се покажа како најдобро решение откако во летото стигна од Бенфика, па е потребно посилна конкуренција.
Да потсетиме, Атлетико поради забрана на ФИФА нема да може да регистрира играчи во наредните два преодни рокови, поточно до јануари 2018 година.















