Бразилски фудбалер објави снимка од авион


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Несреќните фудбалери на бразилската екипа Чапекоенсе рано утрово доживееја страшна авионска несреќа.

    Во несреќата според досегашните податоци загинати се дури 75 луѓе, додека лекарите сеуште се борат за еден живот.

    Меѓу преживеаните се и стоперот Алан Рушел и голманот Данило. Токму тие двајца се наоѓаат на снимката која Рушел ја објави пред само неколку часа на друштвените мрежи.

    Освен тоа, тука се и фотографии кои се објавени на интернет, а засега не е познато дали тие се направени во авионот кој овие фудбалери се превезуваа до Боливија или во тој кој возеше кон конечната дестинација.

    Било како било, да се надеваме дека тие двајца наскоро целосно ќе се опорават од оваа страшна несреќа.

    Видеото можете да го погледнете ТУКА