Се огласи и Роналдо по повод несреќата во Колумбија

    Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо се огласи по повод трагичната авионска несреќа која утрово се случи во Колумбија.

    Во авионската несреќа загинаа 76 лица од кои поголем дел беа фудбалери и членови на бразилскиот Чапекоенсе.

    Оваа трагедија денеска го здрма светот, а многум ѕвезди оддадоа почест на загинатите.

    Меѓу нив и Кристијано Роналдо кој порача дека оваа несреќа го шокирала.

    „Шокиран сум од трагедијата која му се случи на Чапекоенсе. Сакам да искажам поддршка на фамилијата и пријателите на жртвата. Голема прегратка за клубот и за бразилскиот фудбал“, напиша Роналдо на својата официјална страница.