Палмеирас пркоси на Адидас да оддаде почит на Чапекоенсе


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Палмеирас пред неколку дена ја уверија титулата шампион  на Бразил на едно пред завршувањето на оваа сезона на бразилската Серија А.

    Палмеирас својот последен меч во оваа сезона го игра на 11 декемри на гостувањето против Виторија.

    Сепак, последното коло од Серија А е во сенка на вчерашната авионска несреќа каде што загина речиси целиот тим на Чапекоенсе.

    Бразилските клубови се одлучија бесплатно да испратат играчи на позајмица во овој клуб, а Палмеирас сака на посебен начин да оддаде почит на жртвите на оваа трагедија.

    Имено, новиот шампион на Бразил на последниот меч сака да игра во дресовите на Чапекоенсе.

    ФС Бразил потврди дека доби барање од Палмеирас за да играат во дресовите на Чапекоенсе, но сеуште чекаат одговор од Адидас кој е спонзор на Палмеирас.

    Играчите на Чапекоенсе играат во Умбро.