До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Управата на Топџиите размислуваат неколку чекори нанапред, иако сеуште не е јасно што ќе биде со Венгер, веќе направија и листа на тренери кои можат да го заменат.
На Арсен Венгер на крајот на тековната сезона истекува договорот со Арсенал, сеуште нема приказна за тоа дали управата е спремна да му понуди нов или ќе се сврти на други решенија, а јасно е дека ги има.
Судбината на францускиот стратег најверојатно ќе ја одреди успесите кој ќе ги оствари во оваа сезона, дококу не ги нема, нема сомнеж дека управата на клубот од Емирати ќе се сврти кон алтернативи.
Навивачите веќе се незадоволни, доколку не видат некој трофеј во витрините на својот клуб по завршувањето на сезоната, повторно ќе удираат на Венгер.
Значи, колку тоа најверојатно нема да го трпи понатака, и на Французинот ќе доведат наследник.
Веќе некое време се шушка дека тоа може да биде тренерот на Борнмаут Еди Хау, но според последните наводи, Англичанецот може да добие жестока конкуренција.
Имено, управата на Арсенал веќе две години го следи актуелниот шеф на стручниот штаб на Ред Бул Лајпциг Ралф Хазенхутл!
Тој пред две сезони го одведе Инглштт од последното место на Цвајте на прво, и не избега на луѓето во управата на Топџиите и сега е се јасно дека се работи за врвен стручнак, како и тоа дека Лајпциг е на чело на Бундеслигата после 12 кола.
Покрај тоа што се непоразени (девет победи, три реми), фудбалерите на Лајпциг се и на врвот по бројот на постигнати голови, далеку на прво место со Борусија од Дортмунд со по 27 постигнати голиви досега.
Значи, Лајпциг моментално игра најдобар фудбал во Германија, заслугите одат на одличниот Хазенхутл.
Тој на чело на оваа екипа е од мај од тековната година, успеа за кратко време да напраив од нив конкурент за титулата во Германија.
На Емирати се импресионирани од тактичната интелегенција на Хазелхутл, како и можноста за на најдобар можен да се работи со младите играчи и да ги користи во првиот тим.
Значи, доколку Арсен Венгер не задоволи со резултатите на крајот на тековната сезона, ќе биде борба меѓу Хуан и Ралф Хазенхутл околу местото шеф на стручниот штаб на Емирати.
Нормално, доколку Лајпциг остана на прво место до крајот на оваа сезона, прашање е дали управата на клубот дали ќе го пушти австрискиот стратег да ги напушти нивните редови.















