До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Екипата на Палермо испадна од Купот на Италија од второлигашот Специја, а поради тој пораз отказ доби тренерот на овој тим Роберто Де Зерби.
Контроверзниот претседател на клубот Ѕампарини го изгуби трпението со тренерот, и Де Зерби доби отказ одма после мечот.
Нов тренер е Еугенио Корини, потврдено е на официјалниот сајт на клубот, а овој стручнак ќе биде тренер на тимот од Сицилија во оваа сезона.
После две кола отказ доби Давиде Баљардини, а Корини дебито ќе го има во недела против Фиорентина.















