До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Атлетико Мадрид прашањето за пласман во осмина финалето на Купот на Кралот го реши веќе во првиот дуел.
Атлетико гостуваше кај нисколигашот Гуијуло, и славеше со високи 6:0, што значи дека прашањето на конечниот победник во овој двомеч веќе сега е решено.
Домашните оддолеваа на нападите на Атлетико до 29 минута кога Нигез од белата точка постигна гол за 1:0 водство на гостите.
Во финишот на првиот дел Вршаљко зголеми на 2:0. Во продолжението Атлетико постигна уште 4 гола и дојде во висока победа од 6:0.
Стрелци на головите беа Караско во два наврати и еднаш Кореа, и Нигез. Селта со минимални 1:0 славеше во Мурчија, додека Кордоба пред своите навивачи ја победи Малага со 2:0, а Гранада со 1:0 беше подобра од Осасуна.















