До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Лионел Меси е еден од најлојалните фудбалери на денешницата, но сеедно секогаш го поврзуваат со други клубови.
Меси воглавно го сакаат тие кои имаат пари. Сега, после Манчестер Сити, го сака и Интер.
Попрецизно, Меси во Интер го сака Марко Трончети, претседател на Пирели, главен спонзор на Интер.
Il Corriere dello Sport тврди дека Интер сака да ја искористи ситуацијата околу договорот со Меси во Барселона.
„Меси е сон, а соновите некогаш се остваруваат. Уверен сум дека соновите можат да се остварат“, порача Трончети.
Добар дел од парите за Меси може да ги даде кинеската групација Сунинг, која има 70 % од сопствеништвото над Интер.















