Мурињо одлучи, играч за врска го напушта клубот на крајот на сезоната


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Еден од најдобрите играчи на Манчестер Јунајтед во претходните десетина години го напушта клубот на крајот на оваа сезона.

    Манчестер Јунајтед е моментално шести на табелата од Премиерлигата, имаат 11 бода помалку од лидерот Челсиу, но кога Мајк Керик играше, Црвените ѓаволи не знаат за пораз.

    Не само тоа, кога Кери играше, Манчестер Јунајтед победи дури 7 пати, а еднаш се случи да биде нерешено.

    Прилично импресивно за еден 35-годишен.

    Сепак, тој најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на оваа сезона, пренесува „Сан“.

    Неговиот договор истекува на крајот на оваа сезона, договор по одлука на Мурињо нема да му биде понуден, па така најверојатно овој последен играч за врска ќе мора да побара нов клуб, ако не се одлучи за завршување на кариерата.

    Поедини легенди на клубот во текот на оваа сезона го критикуваа Мурињо што повеќе не го користи Мајкл Керик, како Рио Фердинанд и Пол Сколс.