До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Волфсбург игра многу лошо во оваа сезона, неколку фудбалери може да го напуштат клубот.
Рикардо Родригез е еден од првите кој може да ги напушти Волците во оваа сезона, најмногу поради фактот дека екипата никако не може да одигра добар натпревар.
Волфсбург игра многу лошо, се во долниот дел на табелата, иако имаат екипа која може да се натпреварува и во ЛШ.
Дракслер, Родригез, Гомез, Луис Густаво…Голем број на проверени играчи, вистинска штета е што не се на високо ниво во оваа сезона.
Токму поради тоа може да се очекува и распад на тимот.
Сепак, менаџерот на Рикардо Родригез, левиот бек на Волфсвург и репрезентацијата на Швајцарија, истакна дека неговиот клиент не оди никаде.
„Рикардо е обично во центарот на трансфер шпекулациите, но не е време за тоа и ставам точка на таа приказна. Рикардо го интересира само Волфсбург“, рече Ди Доменико, неговиот менаџер.















