До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Јунајтед на почетокот на сезоната го доведе еден од најдобрите менаџери Жозе Мурињо и вложи 200 милиони евра со цел клубот да се врати на местото кое беше на почетокот на 21 век.
Меѓутоа, после воведните победи и почетната еуфорија Јунајтед почна да пружи игри од минатата сезона кога овој клуб заврши на пониските позиции од ПЛ.
Навивачите на тимот од Олд Трафорд сфатија дека Мурињо и не е така “Посебен“, и дека дефинитивно не е новиот Алекс Фергусон.
Португалецот смета дека не е до него.
„Треба да бидеме машки и да се бориме“, рече огорчено Мурињо после што Челси нанесе тежок пораз на Јунајтед од 4:0.
Сопствениците на Јунајтед ги исполнија сите каприци на контроверзниот менаџер – му ги доведоа Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ, но резултатот, засега, изостанува. Манчестерскиот клуб е шести после 13 кола, а зад водечката екипа заостанува 13 бодови.
Стручнаците и медиумите кои го следат овој клуб наведуваат дека зимскиот преоден рок може да биде многу бурен бидејќи Јунајтед не се откажува од шампионската титула. Како што велат, овие пет играчи веќе во јануари, или најдоцна на лето, може да завршат во Јунајтед.
- Нејмар
Јунајтед изгледа го обнови интересот за бразилскиот ас па е спремен да плати рекордни 180 милиони фунти со цел Барселона да го пушти.
- Џејмс Родригез
Колумбиецот има проблем да се избори за првите 11 во Реал Мадрид. Не само дека не е кандидат за првиот тим на Кралевите туку тренерот Зинедин Зидан често дава шанси на младите играчи како прави замени.
Јунајтед внимателно ги следи случувањата на Бернабе и спремен е да го искористи незадоволството на Родригез со цел да го наговори да ја промени средината.
- Хосе Хименез
Јунајтед има проблем со одбраната. Англискиот тим прима необично многу голови, а решението на овој проблем Мурињо го гледа во одбранбениот играч на Атлетико Мадрид.
- Димитри Паје
Јунајтед не “фрли око“ само на фудбалери на шпанските тимови туку следи и играчи на конкурентните клубови. Паје од Вест Хем речиси цело лето се поврзуваше со Јунајтед но до трансфер не дојде, веројатно, затоа што во меѓувреме на Олд Трафорд дојде неговиот сонародник Погба. Сепак, тимот на Мурињо има проблем со реализацијата па во Паје гледа идеален одговор.
- Џон Оби Микел
Можеби најголемо изненадување претставува информацијата дека Јунајтед се интересира за доведување на Нигериецот.
Микел одамна испадна од ударниот состав на Челси. Меѓутоа, Мурињо добро го познава својот поранешен фудбалер, кој го водеше кога го тренираше лондонскиот клуб, а со овој трансфер сака да ја засили средината и да ги зголеми тактичките можности на тимот.















