До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од Јужна Америка со брзина на светлината шири информација дека поранешниот играч на Барселона и Виљареал може да заигра за бразилскиот клуб кој во трагедија остана без 19 играчи, на него може да му се придружи и легендарниот бразилски фудбалер и еден од најдобрите на сите времиња.
Од Аргентина јавуваат, Хуан Роман Рикелме се враќа на фудбалот поради Чапекоенсе!
Легендарниот аргентински фудбалер во пензија е речиси две години, последен пат заигра за Аргентинос јуниор, но според наводите од неговата татковина се реши да помогне на бразилскиот клуб на кој клуб му се случи голема трагедија и ги понуди своите услуги во наредните шест месеци.
„Мојот брат и моите пријатели сакаат повторно да заиграм. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Рикелме.
Ова вест ја потврдија и медиумите во Бразил, се наведува дека Рикелме најверојатно ќе заигра во период од шест месеци и дека нормално ќе игра без никаква финансиска надокнада.
Во бразилските медиуми се наведува и дека Рикелме е сериозен во својата намера и дека за Чапекоенсе најверојатно ќе заигра од првиот ден на 2017 година.
Се пишува и во Колумбија за големото враќање на Рикелме, а медиумите во Аргентина шпекулираат дека дресот на Чапекоенсе може да го облече уште еден поранешен ас на светскиот фудбал, легендарниот Роналдињо Гаучо.















